Фудбал
ВИДЕО: Кулушевски е спасителот на Јувентус
Екипата на Јувентус киксираше на уште еден меч. Овој пат на домашен терен одигра само 1:1 против Верона. Згора на тоа шампионот губеше со 1:0 се додека во игра не влезе Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски, кој речиси со првиот допир на топката постигна гол за 1:1. Во 78-та минута Кулушевски претрча речиси половина терен, па одлично се најде во ситуација еден на еден и ниско по земја постигна гол за конечни 1:1. Јувентус е петти со 9 бодови, од пет меча има две победи и три нерешени средби.