Фудбал
Можни состави на Јувентус и Барселона, „Старата дама“ без најдобрите
Вечерва се игра меот кој привлекува најмногу внимание во второто коло од ЛШ. Во Торино, Јувентус е домаќин на Барселона. Сепак, „Старата дама“ има многу проблеми во составот пред овој дуел. Роналдо повторно доби позитивен тест на Ковид 19 и нема да игра, а не се во комбинација ниту Кјелини и Матиас де Лихт.
Ова се можните состави:
ЈУВЕНТУС: Шчесни, Квадрадо, Бонучи, Демирал, Данило, Кулушевски, Бентакур, Рабио, Киеза, Дибала, Мората
БАРСЕЛОНА: Нето, Дест, Араухо, Ленгле, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Тринкао, Педри, Ансу Фати, Меси
Мечот се игра вечерва во 21:00 часот.