Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Одличен настап на Димитриевски, одбрани пенал, неговиот тим победи

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски е херој во победата на неговиот тим Рајо Валјекано против Фуенлабрада со 2:0. Токму во најважните моменти, односно при резултат 0:0 одбрани пенал на гостите, ја сочува својата мрежа, а потоа неговите соиграчи постигнаа два гола за победа.

Рајо Валјекано со 16 бодови од девет одиграни мечеви во Втората лига на Шпанија е на петото место.