Connect with us

Фудбал

Роналдо има негативен тест, но Пирло ги разочара навивачите на Јувентус

Јувентус утре и гостува на Специја, а по неколку меча пауза, Кристијано Роналдо е во комбинација за настап. Тој вчера доби негативен тест, па ќе може да настапи на овој натпревар.

Сепак, Пирло ги разочара навивачите на Јувентус.

-Тој веројатно утре нема да игра од првата минута. Важно е што е повторно со нас. Знам дека тренирал дома колку што можел, но тое не е исто како да тренираш со останатиот дел од екипата на теренот. Има уште време, но веројатно ќе остане на клупата, изјави Пирло.

На овој меч се враќа Бонучи, но Кјелини ќе остане во Торино бидејќи се уште не е подготвен, па Пирло не сака да ризикува.