Connect with us

Фудбал

ФОТО: Арсенал му гостува на Манчестер Јунајтед, специјален дрес со желба за специјална победа

Екипата на Арсенал попладнево му гостува на Манчестер Јунајтед во дербито на колото. Без разлика каква е позицијата на табелата, дуелите на овие две екипи секогаш нуделе вистински фудбал, со многу жар и борба.

Сите очекуваат така да биде и денеска, единствено што ќе недостасува да биде комплетно дерби е публиката.

Арсенал дури и подготви специјален дрес и преку социјалните мрежи најави дека во нив ќе игра попладнево.

Цели 14 години „Топџиите“ немаат победа како гости на „Олд Трафорд“.