Connect with us

Фудбал

Платини: Ја очекував смртта на Марадона, виновни се луѓето кои беа околу него

Поранешниот фудбалер на Јувентус, француската репрезентација и екс претседател на УЕФА, Мишел Платини вели дека ја очекувал смртта на Марадона. Последен пат кога се видел со легендарниот Аргентинец, бил во лоша состојба, едвај се движел. Како што вели Платини се подготвувал за денот кога  на радио ќе слушне дека Марадона починал.

-Очекував лоши вести. Знам дека тоа е тажно, бидејќи во ваквите моменти срцето ви се крши. Тогаш се јавува чувство на носталгија и меланхонија. Не го обвинувам за неговите грешки, но виновни се луѓето околу него. Добро го искористија и не му помогнаа да се опорави. Жал ми е поради тоа. Марадона беше одличен фудбалер, фудбалски бог, вели Платини.

Марадона е погребан, а Аргентина прогласи тридневна жалост.