Фудбал
Еден од најдобрите го напушта Милан, веќе е позната новата дестинација?
Договорот на Хакан Чалханоглу со Милан истекува следното лето, а двете страни се уште не почнале преговори за продлжување на соработката. Наводно, причината се високите финансиски барања, бидејќи Чалханоглу сакал да биде на ниво на Ибрахимовиќ и Донарума, што Милан не прифаќа.
Поради тоа италијанските медиуми пишуваат дека тој по завршувањето на сезоната ќе замине од Милан, а наводно Манчестер Јунајтед го контактирал неговиот агент и преговорите биле во напредна фаза.
Во моментов Чалханоглу има 2,5 милиони по сезона, а бара седум, што е неприфатливо за челниците на италијанскиот тим.