Фудбал
ВИДЕО: Ибраими ја спаси Шкендија, Ренова конечно победи, но со нов тренер
Тетовскиот тим Ренова по девет меча во првенството конечно забележа победа и тоа на првиот натпревар со новиот тренер Ќатип Османи. Бујар Ислами пред неколку дена спогодбено се раздели со тетовскиот тим, Османи беше назначен за нов тренер, а попладнево на неговото деби славеше против Борец со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Селмани во 90-тата минута. Ренова победи и со играч помалку откако во 67-та минута Стојчевски заработи втор жолт картон и исклучување.
Ова е прв триумф на популарните „Гипсари“ од месец август кога последен пат славеа против Академија Пандев со 2:0.
Струга Трим Љум има за што да жали. Беше на чекор до победа против лидерот Шкендија, но сепак на крајот мораше да се задоволи со реми 1:1. По само 12 минути игра Ристевски донесе предност од 1:0, а овој резултат беше актуелен се до 82-та минута кога Бесарт Ибраими погоди за израмнување и го спаси лидерот од пораз.
Резултати ПМФЛ
Недела:
Беласица – Работнички 2:2
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Пелистер – Силекс 1:2
Ренова – Борец 1:0
Струга Трим Љум – Шкендија 1:1
Сабота:
Вардар – Академија Пандев 2:0
Табела: Шкендија 27, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга Трим Љум 20, Борец 19, Вардар 19, Силекс 17, Работнички 14, Пелистер 12, Ренова 11, Академија Пандев 10, Беласица 9.