Фудбал
ВИДЕО: Џенова тоне, без одговор за Жервињо, ниту Пандев не може да помогне
Екипата на Џенова е на претпоследното место на табелата со само пет освоени бодови од 10 одиграни кола. Вечерва на домашен терен доживеаја нов пораз, овој пат од Парма со 2:1, а домаќините немаа одговор за незгодниот Жервињо кој постигна два гола. Стрелец на единствениот гол за Џенова беше Шомородов.
Македонскиот капитен Горан Пандев во игра влезе во 69-тата минута токму на местото на стрелецот на голот, но ниту тој не можеше да помогне за да се спаси Џенова од пораз. Оваа сезона Пандев досега постигна само еден гол, а минатата со 9 беше најдобар стрелец на Џенова и практично тој беше најзаслужниот за опстанокот. По се изгледа дека оваа сезона тој и неговиот тим грчевито ќе се борат за опстанок.