Connect with us

Фудбал

Емотивна исповед на Михајловиќ: Неколку пати ја сонував својата смрт

Синиша Михајловиќ, легендарен фудбалер и сега тренер на Болоња имаше емотивна исповед во интервју за „Скај“. Првите негови зборови беа дека животот е фантастична работа, а особено тој тоа го знае откако помина низ тежок период и борбата со леукемијата.

Минатата година тој се бореше против болеста, но по неколку месеци објави дека се излечил и дека ја добил битката.

-Јас сум роден два пати. Првиот во 1969-та, а вториот педесет години подоцна, вели Михајловиќ, кој додава:

-Сакав да живеам, сакав да се борам. Не можев да си дозволам да заминам од овој свет. Никогаш не ја загубив надежта, неколку пати го сонував сопствениот погреб. Им благодарам на сите кои беа со мене, порача легендарниот фудбалер.