Фудбал
ВИДЕО: Интер се врати од мртвите, Реал Мадрид шокиран
Какви само возбудувања не чекаат во последното коло во Групата Б од лигата на шампионите по одигрувањето на вечерашните мечеви. Интер се врати од мртвите со победата на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах од 3:2. Ова е прв пораз за германскиот тим сезонава во групната фаза во ЛШ. Поведоа Италијанците со голот на Дармијан, домаќините израмнија во финишот на првиот дел преку Плеа.
Во второто полувреме два гола на Ромелу Лукаку во 64-та и 73-та за комотно водство на Интер. Сепак, домаќините намалија во 76-тата минута. Борусија Менхенгладбах постигна гол за 3:3 во 83-та минута, кој беше поништен по асистенцијата од ВАР собата.
Со оваа победа Интер се врати во игра за пласман во нокаут фазата, но ќе мора да победи против Шахтјор во последното коло и да очекува триумф на Реал Мадрид против Борусија Менхенгладбах. „Кралевите“ секако ќе одат на победа бидејќи вечерва беа шокирани од Шахтјор со 2:0. Дентињо и Соломон погодија за голема победа на украинскиот тим.
Од оваа група сите четири екипи се во игра. Менхенгладбах е лидер со 8 бодови, следуваат Шахтјор и Реал Мадрид со по 7 и Интер е последен со 5 бодови.
Лига на шампиони, вторник
Група А
Локомотив Москва – Салцбург 1:3
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 1:1
Табела: Баерн Минхен 13, Атлетико Мадрид 6, Салцбург 4, Локомотив Москва 3
Група Б
Шахтјор – Реал Мадрид 2:0
Борусија Менхенгладбах – Интер 2:3
Табела: Менхенгладбах 8, Шахтјор 7, Реал Мадрид 7, Интер 5
Група Ц
Марсеј – Олимпијакос 2:1
Порто – Манчестер Сити 0:0
Табела: Манчестер Сити 13, Порто 10, Марсеј 3, Олимпијакос 3,
Група Д
Аталанта – Мидтјиланд 1:1
Ливерпул – Ајакс 1:0
Табела: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Мидтјиланд 1