Connect with us

Фудбал

Скалони: Да знаете како Меси го играше финалето, уште повеќе би го сакале

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони потврди дека Лионел Меси играл повреден во финалето на Копа Америка против Бразил.

Меси доби еден тежок удар во полуфиналето против Колумбија, но повреден го играше и тој натпревар, кој Гаучосите го добија на пенали, но и овој синоќа на Маракана, каде Аргентина дојде од трофејот со голот на Ди Марија.

„Да го знаевте начинот на кој Меси играше на Копа Америка, би го сакале уште повеќе. Никогаш не можете без играч како него, дури и кога има повреда, како на овој, така и на претходниот натпревар“, рече Скалони.

Меси конечно стигна до трофејот во дресот на Аргентина. Имаше можност и порано, го загуби финалето, но не се предаде.

„На крајот тој сепак успеа. Зборуваме за најдобриот фудбалер на сите времиња и сите знаеја колку е важно за него да ја освои титулата со националниот тим. Имаме врска различна од вообичаената врска тренер-играч. Тој е поблизок. Се гушкаме, се поздравуваме и ќе им бидам вечно благодарен на неговите соиграчи“, додаде селекторот на Аргентина.