Фудбал
Тивко лето на Енфилд: Клоп откри зошто Ливерпул не троши пари за засилувања
Заврши летниот рок за трансфери во фудбалска Европа.
Заминувањата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ПСЖ и Манчестер Јунајтед се секако првата приказна ова лето, а љубителите на фудбалот беа изненадени од фактот дека тимот на Ливерпул ова лето не потроши речиси ништо, со исклучок на трансферот на Ибрахим Конате договорен со РБ Лајпциг во јануари.
Јирген Клоп ја објасни целата ситуација во Ливерпул ова лето и зошто касата беше заклучена.
„Сите ни гледаат во списокот од минатата сезона каде имавме многу повредени играчи. Играчите се опоравија и сега имаме 25 играчи подготвени да ги исполниме барањата на тренинзите и на теренот“, рече Клоп, а потоа додаде:
„Вративме неколку играчи од позајмица што се покажа како одличен потег. Се договоривме за Конатеа порано, како поддршка на Ван Дијк и Матип кои се опоравуваа од повредите. Немаше потреба да се купуваат играчи, нашиот медицински тим направи одлично работа“, рече Клоп …
Сепак, островските медиуми тешко може да поверуваат во оваа приказна, па ја лансираа веста дека сопствениците на тимот од Енфилд оваа сезона префрлаат пари на бејзбол, па затоа Клоп мораше да биде трпелив кога се во прашање трансферите, а неколку играчи беа поврзани со „Црвените“, пред се Сабицер, Бамфорд и Доку.