Connect with us

Фудбал

Почина поранешен фудбалер на ПСЖ, кој 39 години беше во кома поради грешка на лекар

ПСЖ денеска потврди дека нивниот поранешен играч Жан-Пјер Адамс почина денеска откако претходните 39 години ги помина во кома.

Адамс е роден во Сенегал во 1948 година и пристигнал во Франција кога имал десет години. Неговата желба беше да стане фудбалер како што успеа, и ја започна својата професионална кариера во 1970 -тите во Ним.

Обезбеди одлични игри во дресот на Ница и ПСЖ, но се се распадна во 1982 година кога требаше да направи рутинска операција на коленото во болницата во Лион.

Меѓутоа, за време на операцијата, поради погрешна доза на анестетик, доживеал бронхоспазам, што го спречи протокот на кислород до неговиот мозок.

Адамс заврши во кома во која беше 39 години, но денеска беше потврдено дека починал. Сите овие години се грижеше неговата сопруга Бернадет која не се откажа од него.

Меѓутоа, Адамс не успеа да се врати, а денеска беше потврдено дека е исклучен од апаратите и дека починал.