Connect with us

Фудбал

Буфон го коментираше заминувањето на Роналдо од Јувентус: „Навивачите не треба да се изненадуваат, тој многу размислува за себе …“

Летово Кристијано Роналдо го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед.

Легендарниот голман на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон го коментираше заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус.

Во разговор за италијанското радио „Раи“, Буфон рече дека навивачите на клубот од Торино не треба да бидат изненадени од заминувањето на португалската sвезда.

„Мислам дека навивачите немаат причина да бидат изненадени. Роналдо има репутација на врвен професионалец кој, со право, размислува многу за себе“, рече легендарниот голман, додавајќи дека не гледа ништо нелогично во тоа што Роналдо инсистирал да си замине од Италија.

„Не гледам ништо нелогично во неговиот потег да го напушти клубот, тој размислуваше многу за тоа. Можам да кажам само добри работи за него, Кристијано е професионалец кој секогаш дава 100 проценти од себе“, рече тој.

„Роналдо одлучи дека е вистинското време за заминување“, заклучи Буфон, кој летово се пресели во Парма, каде што ја започна својата успешна фудбалска кариера.

Да потсетиме, Роналдо ова лето се врати во редовите на Манчестер Јунајтед по долги 12 години, и помина три сезони во дресот на Јувентус.