Connect with us

Фудбал

Гвардиола принуден да го искористи „заборавениот“ голман

Септемврискиот прозорец на натпревари за националните тимови предизвика главоболки кај многу клубови, а некои преземаа акција однапред.

Неколку клубови од Премиершипот и забранија на репрезентаативците на Бразил да патува на натпреварите на нивната репрезентација, а сега тоа им се одби од глава.

Имено, ФС на Бразил се пожали до ФИФА, која нареди дека играчите кои не реагирале на повикот немаат право да играат на следниот натпревар за нивниот клуб.

Ова значи дека голманот Едерсон и Габриел Жесус нема да можат да играат за Манчестер Сити во претстојниот викенд против Лестер Сити.

Вториот голман Зак Стефан доби дозвола да игра за САД, но беше позитивен на „Ковид-19“, па нема да може да настапи на следните натпревари.

Ова значи дека Пеп Гвардиола е принуден да го стави меѓу стативите заборавениот Скот Карсон, кој е наведен како трет голман на Граѓаните.

Карсон имаше само еден настап во Премиер лигата во последните десет години, тоа беше на крајот од минатата сезона кога титулата се славеше против Њукасл Јунајтед.

36-годишниот фудбалер претходно бранеше за Лидс Јунајтед и Ливерпул, а беше член и на ВБА, Бурсаспор, Виган и Дерби Каунти. Тој беше член на Граѓаните во последните три сезони.