Connect with us

Фудбал

Трансферот на Швајнштајгер го уништи Александар Хлеб: „Моите куфери беа спакувани …“

Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер беше на чекор да го напушти Баерн во 2008 година, но трансферот пропадна во последен момент.

Пензионираниот германски играч за врска Бастијан Швајнштајгер, кој живее во САД по завршувањето на кариерата, откри во интервју за АРД дека неговата кариера можела да се одвива сосема поинаку.

Имено, во 2008 година, кога веќе играше за Баерн, имаше можност да се пресели во Интер од Милано, но на крајот се пропадна.

„Моите куфери веќе беа спакувани за патувањето во Милано. Јирген Клинсман беше тренер, а Баерн сакаше друг играч“, изјави Швајнштајгер.

Тој „друг“ играч беше Александар Хлеб, кој беше блиску до преселба во Баерн, но Хлеб на крајот ја избра Барселона, а Минхен одлучи да го задржи Швајнштајгер.

Швајнштајгер ја помина речиси целата своја кариера во Баерн (од 2002 до 2015 година), за кратко да игра во Манчестер Јунајтед, а последната сезона ја мина во Чикаго Фајр.

Моментално ужива во пензија во друштво на сопругата Ана Ивановиќ, некогаш позната српска тенисерка.