Connect with us

Фудбал

Бензема: Го нема Меси? Без разлика, „Ел Класико“ сепак е посебен натпревар

Францускиот напаѓач смета дека квалитетот на шпанското „Ел Класико“ не е влошен.

Роналдо го напушти Реал Мадрид порано, Серхио Рамос летово, Барселона е без Лионел Меси, па многумина со право се грижат дека судирите меѓу двата најголеми шпански клуба нема да бидат исти како порано.

„За мене, се е исто. Ел Класико се уште е најдобриот натпревар на планетата. Не е важно кои играчи доаѓаат или заминуваат од тимот, бидејќи Реал – Барселона е историски настан. Имињата се менуваат, но и пред Зидан, Ето, Роналдињо, Роналдо … Тоа беше врвен натпревар“, рече Бензема.

Французинот го коментираше и фактот дека Барселона е во голема криза.

„Во такви натпревари, бескорисно е да се гледа формата, играчите и било што, ова се секогаш натпревари во кои се е можно“, додаде Бензема.

По осум одиграни кола во Ла Лига, Реал го предводи шампионатот со 17 бода. Барселона, пак, е на деветтото место со 12 бода.