Connect with us

Фудбал

Спектакуларна кореографија на навивачите на Марсеј: Фудбалскиот свет воодушевен (ФОТО)

Во тек е големото дерби на францускиот фудбал помеѓу Марсеј и ПСЖ.

На Велодром владее феноменална атмосфера, а пред почетокот на натпреварот домашните навивачи приредија спектакуларна кореографија.

Споменатата кореографија брзо се прошири на социјалните мрежи и наиде на лавина позитивни коментари кај фудбалските фанови.

Инаку, овој дуел е под голема полициска заштита, особено поради последните случувања на стадионите во Франција и немилите сцени, но и поради изминатите и претходните дуели меѓу Марсеј и ПСЖ, каде навивачите го имаа третото полувреме на трибините и околу стадионот.