Connect with us

Фудбал

Сколс пред неколку дена ја предвиде катастрофата во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед во неделата го доживеа еден од најтешките порази во својата историја.

„Црвените ѓаволи“ беа поразени од големиот ривал Ливерпул со 5:0, а на полувремето се беше готово, бидејќи „црвените“ имаа 4:0.

Секако, никој не очекуваше ваква катастрофа за Јунајтед, иако и по натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите, кој англискиот тим го доби со 3:2 по пресвртот во вториот дел, поранешниот играч за врска Пол Сколс навести што ќе се случи во дуелот со Ливерпул.

“Играчите од средниот ред играат за себе. Ако играте така против Манчестер Сити или Ливерпул, ќе загубите со 4-0 на полувреме. Ќе биде крајот, нема враќање од таква ситуација”, изјави легендарниот играч за врска.

Само неколку дена по неговата изјава, Јунајтед загуби со 4-0 од Ливерпул на полувремето, по што следеше тешко гостување против Тотенхем.

Јунајтед во моментов е само седми на табелата со 14 бода и има само една победа во последните пет натпревари во Премиер лигата. Иако амбициите беа огромни пред почетокот на сезоната, особено поради враќањето на Кристијано Роналдо, но и звучните засилувања во вид на Џејдон Санчо и Рафаел Варан, се чини јасно дека овој тим нема да ги одмери силите со Ливерпул, Сити и Челзи. во борбата за титулата.