Фудбал
ВИДЕО: Фудбалерот на Реал изгубил свест додека бил во воздух, а потоа незгодно паднал и го повредил коленото
Реал Мадрид вчера ја победи Барселона со 2-1 на гости во друго Ел Класико.
Кралскиот клуб успеа да извади три бода од својот најголем ривал, а Барселона повторно ги разочара своите фанови со многу лоша игра.
Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Давид Алаба и Лукас Васкез додека единствен стрелец за домашниот тим беше Серхио Агуеро во последните минути од натпреварот.
Но, еден од деталите што го одбележаа натпреварот се случи на крајот од натпреварот кога Федерико Валверде и Жерард Пике се судрија еден во друг.
Валверде и Пике беа во скокот и директно се судрија, а забавената снимка покажа дека играчот на Реал во скокот за момент изгубил свест поради што незгодно паднал.
Фудбалерот на Реал во таа прилика заработи повреда на главата и коленото бидејќи не можеше да го контролира приземјувањето откако изгуби свест.
За работите да бидат потрагични за Валверде во тој пад, тој го повреди левото колено поради што мораше да го напушти теренот неколку минути подоцна.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Валверде ќе направи детални прегледи бидејќи се сомнева на повреда на лигаментите, а веќе се шпекулира дека Уругваецот ќе биде надвор од терените неколку месеци.