Фудбал
Дали Салах е најдобар во светот? Очајната реакција на Роналдо на мајсторијата на ѕвездата на „Редсите“ кажува се (ВИДЕО)
Ретко кој фудбалер успеал да го засени Кристијано Роналдо на теренот, а да не се вика Лионел Меси.
Повеќе од десет години Меси беше единствениот за кој со право може да се каже дека е подобар од Роналдо, а на сцена полека излегуваат и други играчи.
Долго време португалскиот ас не беше во сенка како во неделата на „Олд Трафорд“ кога силите ги одмерија Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Редсите“ ги понижија „Црвените Ѓаволи“ со 0:5. Од една страна фрустриран и очаен Роналдо, а од друга брилијантен и расположен Мохамед Салах.
Салах е во животна форма. Тоа го потврди со хет-трик против Манчестер Јунајтед. Египќанецот беше феноменален на Олд Трафорд и истакна сериозна кандидатура за Златната топка.
Cristiano Ronaldo is done with Ole Solskjaer and his dubious tactics! #OleOut pic.twitter.com/N3ThWDhAjT
— The Wing Wizard?#GlazersOut? (@Left_Winger07) October 25, 2021
Откако Салах го постигна својот трет гол на натпреварот, камерите успеаја да ја снимат реакцијата на Роналдо.
Како што може да се види, фрустрираниот Роналдо мафташе со рацете нагоре, надолу, лево, десно, објаснувајќи го движењето на Салах.
Во текот на целиот натпревар Роналдо беше во подредена позиција, во финишот на првото полувреме го исфрли бесот над младиот Џонс, а во вториот дел поради офсајд му беше поништен голот.
Салах, од друга страна, може да ужива во моментумот низ кој минува. Тој веќе во оваа сезона е на учинок од неверојатни 15 гола и пет асистенции.