Connect with us

Фудбал

Ерлинг Халанд е ѕвер, дебитираше во Премиер лигата со два гола (ВИДЕО)

Манчестер Сити на гостински терен со 2:0 го совлада Вест Хем во премиерниот меч од новата сезона. На овој натпревар тимот на Пеп Гвардиола покажа дека сигурно и оваа сезона е најголемиот фаворит за титулата.

А, имаат и големо засилување за тоа во името на Ерлинг Халанд. Норвежанецот на својот прв официјален меч за Сити постигна два голови. Првиот од пенал кој самиот го изнуди во 36-та минута, а вториот во 65-та на асистенција на Кевин Де Брујн.