Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Барселона, одличниот фудбалер снимен на аеродромот (ВИДЕО)

Изминатиов период многу се зборуваше за заминувањето на 25-годишниот фудбалер Френки де Јонг од Камп Ноу. Претходните денови малку се смирија шпекулациите, но денеска се случи вистинска бомба.

Холандскиот фудбалер денеска се најде на аеродромот во Барселона. Куферите биле во неговите раце, а неговата дестинација наводно бил Лондон.

Играчот од средниот ред на Барселона не сакаше ништо да им каже на новинарите. Мирно помина покрај камерите, им даваше автограми на момчињата кои случајно се нашле во близина и замина на летот. Многу лесно може да се случи ова да биде негово дефинитивно заминување од клубот, а останува да се види дали тоа навистина ќе се случи бидејќи се уште не е позната целта на патувањето во Лондон.

Ако тоа се случи, Челзи би можел да биде неговиот нов клуб. „Сините“ неодамна покажаа интерес за него, а претходно Манчестер Јунајтед направи се за да го доведе во своите редови.

Де Јонг во изминатиот период имаше доста проблеми со раководството на Барселона. Тие побараа од него да ја намали платата што му ја даваше претходното раководство на клубот.

Дури и Барса се закани со тужби за наводни незаконски договори. Потоа побараа од него барем да ги намали приходите, бидејќи со речиси 30 милиони евра бруто годишно, Де Јонг беше најплатениот играч во тимот.

Наводно, клубот му должи дури 20 милиони евра за неплатени договорни обврски во изминатите сезони.

Френки де Јонг пристигна на Камп Ноу во 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра. Тој одигра 143 натпревари и постигна 13 гола.