Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед ја потврди „бомбата“ од 100 милиони евра!

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи потврди дека постигнале договор за ангажман на Бразилецот Антони од Ајакс. Останува уште да ги мине лекарските прегледи и секако да ја добие потребната работна дозвола која што се бара во Велика Британија.

Антони Матеус дос Сантос досега настапуваше за Ајакс и Сао Пауло, а за двата тима на 134 мечеви постигна 31 гол и 27 асистенции. Игра на позиција крило, а за селекцијата на Бразил запиша 9 настапи со два гола и исто толку асистенции.

Манчестер Јунајтед овој трансфер ќе го чини 100 милиони евра.