Фудбал
Откако беше ограбен и претепан, нови проблеми за Обамејанг
Шпанските медиуми ја објавија веста дека Пјер-Емерик Обамјанг мора да паузира еден месец поради повреда на вилицата со која се здоби откако доживеа вистински хорор во својот дом во Барселона.
Во понеделник наутро шпанските медиуми успеаја да добијат дополнителни информации за грабежот на кој беше изложен Обамејанг. Четири лица разговарале на италијански, а фудбалерот добил удар со метална гума во брадата бидејќи не сакал да го отвори сефот, а тој удар ќе го чини повреда која ќе го оддалечи од терените еден месец.
Обамјанг по неполна година не беше задоволен од Барселона и има желба да го напушти Ноу Камп, но Каталонците ја одбија понудата на Челзи.
Со оглед на тоа што Габонецот сега ја очекува споменатата пауза до месец октомври, прашање е дали ќе ја напушти Барселона во овој преоден рок кој е при крај, додека се е отворено за зимата.
Според лондонските медиуми, омилена дестинација на Обамејанг е Челзи. Имено, фудбалерот постигнал договор со тимот од Стемфорд Бриџ околу платата и времетраењето на договорот, но се чини дека се се распаѓа.
Што се однесува до разбојниците, тие избегале со Ауди А3, што може да се види и на надзорните камери. Шпанскиот портал „Ара“ тврди дека полицијата го знае идентитетот на лицата кои упаднале во куќата на играчот на Барселона.
Наводно, се работи за група разбојници од Косово кои со години професионално се занимаваат со овие работи, а Ауба е само еден во низата на нивна мета.
Тие го следеа Обамејанг со недели и веќе еднаш се обидоа да влезат во неговиот дом, но беа спречени од алармот.
После се што се случи, Обамејанг го испрати своето семејство во хотел поради дополнително обезбедување, а повредата која ја заработи летово многу му ги поремети плановите.