Connect with us

Фудбал

Погледнете го овој „проектил“ на Стефан Ристовски против Челзи, каков гол ќе беше ова (ВИДЕО)

Аријан Адеми и Стефан Ристовски имаа фантастична вечер во Лигата на шампионите. Тие на премиерниот меч од групната фаза со нивниот Динамо Загреб славеа со 1:0 против Челзи. Аријан Адеми е прогласен за играч на мечот, а одлична партија имаше и Ристовски. Тој во првиот дел имаше одлична интервенција кога блокираше противнички удар и може да се каже дека спаси чист гол, а потоа во вториот дел испрати вистински проектил кон голот на гостите од Лондон, но Кепа со крајни напори успеа да интервенира и да спречи водство од 2:0. Каков гол само ќе беше ова доколку топката завршеше во мрежата на Челзи.