Фудбал
Се и сешто се случуваше, во 95-та постигна гол за победа на Јувентус, го соблече дресот, доби црвен картон, а потоа ВАР му го поништи голот (ВИДЕО)
Екипата на Јувентус победи на само еден од последните шест меча. Синоќа одиграа 2:2 против Салернитана. Губеа со 2:0, но во вториот дел успеаја резултатски да се вратат.
Дури постигнаа гол во 95-та минута, преку Милик, кој го прослави голот соблекувајќи го дресот. Со оглед на тоа дека имаше веќе жолт картон, судијата му покажа уште еден, па за него ова значеше исклучување. Неколку секунди подоцна, по реакцијата од ВАР собата голот на Милик беше поништен поради офсајд, па резултатот остана 2:2, така и заврши мечот.