Connect with us

Фудбал

Европскиот гигант доживеа дебакл, па навивачите го каменуваа автомобилот на тренерот, внатре била сопругата и двата сина

Синоќа се одиграа натпреварите од 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Вистински дебакл на домашен терен доживеа тимот на Порто од Клуб Бриж.

Имено, Порто во овој натпревар влезе како апсолутен фаворит, но работите изгледаа сосема поинаку на теренот, а гостите славеа победа од 4:0.

Навивачите на Порто не му простија на својот тренер, бидејќи тој и неговото семејство беа мета на напади по мечот.

Имено, автомобилот во кој се наоѓало семејството на тренерот на Порто, Серхио Консеиао бил каменуван при напуштање на стадионот.

Покрај сопругата на Консеисао, во автомобилот биле и двајца негови синови, а искршени се стаклата на автомобилот.

После тоа, навивачите се приближиле до автомобилот и ги навредувале патниците, но физички не нападнале ниту повредиле никого.

Денеска се огласија и од Порто, а нападот го осудија на нивната официјална веб-страница.

„Целосно го осудуваме нападот на семејниот автомобил на нашиот тренер пред стадионот. Жалиме и поради недостигот на заштита од страна на властите и бараме сторителите многу брзо да се идентификуваат и да одговараат за стореното “, се вели во соопштението на Порта.