Connect with us

Фудбал

Одржа лекција на Барселона, а три дена подоцна доживеа пораз од Аугзбург, тоа е Баерн (ВИДЕО)

Баерн Минхен во Лигата на шампионите славеше над Барселона со 2:0 и со две победи е лидер во групата, каде уште се Интер и Викторија Плжен. Баварците практично и одржаа лекција на Барса, но во домашното првенство не им оди како што треба. Попладнево доживеа пораз на гостувањето кај Аугзбург со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Мерџим Бериша. Ова е прв пораз за Баварците во Бундеслигата на седум меча, а имаат уште три победи и три нерешени средби, доволно за четвртото место на табелата.

Дербито на Рур помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04 го одбележа повредата на Марко Ројс и еден гол во мрежата на тимот од Гелзенкирхен. Во 32. минута Ројс се повреди и беше изнесен на носилки, а голот за победа го постигна Мукоко во 79. минута. Toj со 17 години е најмладиот стрелец на гол на дербијата на Рур.

Standings provided by SofaScore LiveScore