Connect with us

Фудбал

Нови проблеми, по Чурлинов, повреден и капитенот Ристовски, можно е да не игра против Грузија и Бугарија

Поради повреда Стефан Ристовски не беше во составот на Динамо Загреб на гостувањето кај Локомотива кој неговиот тим го доби со 2:1. Според хрватските медиуми, станува збор за обновена повреда која Ристовски подолг период ја „влече“.

Ова секако е проблем и за македонската репреземтација бидејќи следуваат два меча во Лигата на нации, против Грузија на гости и Бугарија на домашен терен. Неговиот настап ќе биде неизвесен. Првиот собир е закажан за утре во 12 часот во „Хилтон“. Ова е дополнителен проблем за селекторот Благоја Милевски, ако се знае дека претходно поради повреди отпаднаа и Дарко Чурлинов и Валон Етеми, а од поодамна на пауза поради повреди се и Тихомир Костадинов и Ердон Даци.