Connect with us

Фудбал

Реал славеше против Атлетико и покажа кој е газда во Мадрид (ВИДЕО)

Шест од шест за Реал Мадрид во новата сезона, 18 бодови и лидерска позиција. Овој победнички поход не можеше да го сопре ниту градскиот ривал Атлетико Мадрид. Во вечерашното градско дерби „Кралевите“ славеа со 2:1, иако статистиката е на страната на домаќинот и по ударите кон голот и по поседот на топката.

Сепак, на крајот се бројат головите и бодовите, а Реал на овој начин покажа дека е газда во Мадрид. По 18 минути игра резултатот го отвори Родриго, а во 36-тата Валверде погоди за 0:2.

Во 83-тата минута Хермосо погоди за 1:2, но тоа беше тоа.

Токму тој мечот го заврши пред време, заработувајќи црвен картон.

Standings provided by SofaScore