Фудбал
Историско коло во Серија А викендов, на ова се чекаше цели 70 години!
Во италијанската Серија А викендов се одиграа натпревари од седмото коло, а за прв пат по 1955 година четири гиганти не победија. Интер во неделата беше поразен од Удинезе со 3:1 во Удине, набргу потоа беше поразен Јувентус со 1:0 во Монца, потоа Рома загуби во Рим од Аталанта, а вечерта Милан со 2:1 на Сан Сиро загуби од Наполи, кој е нов лидер на табелата.
Последен пат Јувентус, Интер, Милан и Рома загубија натпревар во ист ден беше на 13 февруари 1955 година. Тогаш Јувентус загуби со 1:2 од Лацио, Интер 0:2 од Спал, Милан 1:3 од Сампдорија и Рома 0:1 од Џенова.
На крајот, сезоната 1954/55 заврши со титулата на Милан, а трета Рома. Јувентус заврши седми, а Интер осми.
Ретко се случува четирите најголеми клубови во една земја да загубат натпревар во исто коло, но токму тоа се случи во Италија овој викенд.
Наполи е на врвот на табелата со 17 бодови, исто толку има Аталанта со нешто помала гол-разлика, Удинезе е сензационално трет со 16, а Лацио е четврти со 14 бодови, исто колку и Милан.
Со најголеми критики се соочуваат Интер и Јувентус, чии тренери Симоне Инзаги и Макс Алегри стравуваат за своите работни места. Интер е седми со 12, а Јувентус е осми со 10 бодови.