Фудбал
Се појави видео: Шлаканицата која Меси ја добил на тренинг на Аргентина е само шега, тие се добри пријатели
Репрезентацијата на Аргентина деновиве е на подготовки во Мајами каде се подготвува за пријателските натпревари со Хондурас и Јамајка. Лионел Меси на еден тренинг дојде кај Родриго Де Паул, фудбалер на Атлетико Мадрид и му испрати кратка порака, која играчот од средниот ред не ја сфати најдобро.
Родриго Де Паул, како што пренесува Мундо Депортиво, веднаш реагирал.
„Дали си глупав, Лео?“, потоа му удри шлаканица на Лионел Меси по раката што ја држеше в лице.
Леандро Паредес почувствува потреба да се вклучи, особено што Родриго Де Паул изгледаше многу вознемирено и го повлече играчот на Атлетико Мадрид.
Моментот кој стана вирален на социјалните мрежи, заврши позитивно со смеење на тројцата играчи.
Сето тоа беше многу веројатно шега, особено ако се земе предвид дека Лионел Меси и Родриго Де Паул се пријатели.