Фудбал
Некој како да ја проколнал Барселона, уште една повреда, нов проблем за Чави
Секоја репрезентативна пауза по правило носи големи проблеми на некој од клубовите, а причина се секако повредите на фудбалерите кои настапуваат за своите репрезентации.
Ниту овој пат не беше поинаку, а најлошо беше тимот на Барселона, кој ќе има големи проблеми во преостанатиот дел од сезоната.
Имено, пред репрезентативната пауза тренерот на Барселона Чави Ернандез можеше да смета на сите фудбалери во својот ростер, а сега е без четворица.
Араухо денеска беше успешно опериран во Финска, а ќе отсуствува речиси три месеци, а Чави ќе може да смета на него само по Мундијалот, што е голем удар за тимот на Барселона.
Големо засилување во одбраната на Барселона, Кунде е исто така повреден, но треба да биде подготвен за натпреварот против Реал Мадрид во средината на октомври.
На натпреварот на холандската репрезентација се повреди и Мемфис Депај, кој ќе биде надвор од терените околу еден месец. Но, тоа не беше крајот на лошите вести за Барселона.
Денеска на повреда се пожали и десниот бек Белерин кој во тимот пристигна од Шпанија по раскинувањето на договорот со Арсенал.
Тој немаше репрезентативни обврски, но на еден од тренинзите почувствува болка во мускулот, поради што го напушти тренингот.
Сè уште не се знае степенот на повредата, а во Барселона се надеваат дека барем Белерин ќе има среќа, и дека нема да мора уште долго да го пропушта теренот.
Во морето лоши вести имаат и две добри, а тоа е дека Де Јонг и Дембеле се вратија во тимот по полесни повреди.
Барселона за шест недели ќе одигра дури дванаесет натпревари, а дел од противниците се Интер, Баер, Реал Мадрид, Виљареал и Валенсија.