Фудбал
Скандал, сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи обвинет за киднапирање
Голем скандал, а во центарот на вниманието првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Имено, според медиумите, тој бил главен во киднапирањето на бизнисменот Тајб Б, француско-алжирски бизнисмен кој бил уапсен и затворен во 2020-та година. Медиумите пишуваат дека овој бизнисмен имал доверливи информации за високи функционери, кои наводно биле вмешани во нелегални дејствија за Катар да ја добие организацијата на Светското првенство.
Под голем притисок киднапираниот бизнисмен ги предал документите по што бил пуштен на слобода.