Фудбал
Се што е убаво има свој крај, толку беше од Пике и Алба!
Се што е убаво си има свој крај, а Барселона повеќе нема да ги има двајцата легендарни фудбалери Жерар Пике и Жорди Алба.
Двајца искусни дефанзивци оваа сезона паднаа во втор план на тренерот Чави, а клубот реши дека следната сезона сигурно нема да ја започне со нив во составот.
Како што пренесуваат добро упатените медиуми во Каталонија, раководството на Барселона се надева дека оваа зима ќе ги продаде двајцата ветерани кои моментално се незадоволни од статусот во тимот. Доколку тоа не се случи во зима, купувач за дефанзивниот тандем сигурно ќе се најде следното лето.
Пике оваа сезона ја започна само против Кадиз, додека Алба го започна мечот во Примера против Рајо Ваљекано и во Лигата на шампионите против Викторија од Плзен.
Двајцата играчи ја освоија Лигата на шампионите со Барселона, Алба еднаш, а Пике дури четири пати.