Фудбал
Пукнаа, Роналдо заминува во јануари, но останува во Англија?!
Се чини дека големото враќање на Роналдо во Манчестер оди кон неславен крај.
Португалецот минатата сезона беше најдобар стрелец на клубот, но оваа година тешко добива минутажа.
Дербито на Манчестер го гледаше од клупата, Тен Хаг подоцна изјави дека не сака да го внесе Роналдо во игра од клупата исклучиво поради почитта што ја има кон Португалецот. 37-годишникот е редовен во европските натпреварувања, додека во ПЛ има само два натпревари со еден постигнат гол.
Во текот на летото беше јасно дека сака да го напушти „Олд Трафорд“. Не остана голем европски клуб на кој Мендеш не го понудил, но барањата на неговиот клиент беа превисоки за повеќето клубови. Како решение се споменуваше Челзи, а се чини дека Сините се уште ја следат ситуацијата околу Роналдо.
На Челзи му недостига класичен напаѓач, клубот може да ги исполни барањата за плата, па преселбата во Лондон во јануари може да биде единственото решение. Роналдо има договор со Јунајтед до крајот на сезоната, а постои опција за продолжување на уште една, но нема што да се прави додека Тен Хаг го предводи тимот. Роналдо и Челзи делуваат како интересна комбинација, се чини дека Португалецот се уште има квалитет за Премиер лигата и сините се подготвени да му понудат двегодишна соработка.