Connect with us

Фудбал

Фотографијата која го обиколи светот: Хендерсон го навредува Габриел, а изразот на лицето на Фирмино кажа се

Арсенал синоќа во дербито го победи Ливерпул со 3:2, а на крајот од натпреварот видовме искри на теренот.

По две години „топчиите“ конечно успеаја да го победат Ливерпул на „Емирати“ и со овие три бода се вратија на лидерската позиција во Премиершип и ја продолжија одличната форма.

На „Емирати“ синоќа видовме пет гола и навистина одлична игра, но дамка стави вербалниот конфликт меѓу Џордан Хендерсон и Габриел во самиот финиш на овој меч.

Тие се судрија во самиот финиш и разменија жестоки зборови, но се падна во втор план кога Габриел почна да му кажува на судијата што му кажал Хендерсон.

Капитенот на Ливерпул наводно на расна основа го навредувал дефанзивецот на Арсенал што шокираше многумина знаејќи колку Хендерсон се бори против расизмот во фудбалот.

Фотографијата за време на нивниот судир стана вирална на социјалните мрежи, на која се гледа изгледот на лицето на Роберто Фирмино додека тој очигледно слушнал што Хендерсон му рекол на Габриел и не бил воодушевен поради тоа. Судијата подоцна им пријде на тренерите на двата тима да им објасни што се случува, а ФА покрена истрага по која ќе биде јасно што му рекол Хендерсон на Габриел и дали на тој начин го навредил.


Делегатот на овој натпревар наводно во записникот го споменал тој момент од натпреварот, а сега се е во рацете на ФА. Доколку се покаже дека Хендерсон навистина на тој начин го навредил Габриел, јасно е дека ќе биде строго казнет.