Фудбал
Дани Алвеш се врати во Барселона, фотографијата која ја објави крена паника во неговиот клуб Пумас, каталонците мораа да објаснуваат
Бразилецот Дани Алвеш минатата година неочекувано се врати во Барселона како слободен играч, потпиша договор до крајот на сезоната и одигра неколку одлични натпревари.
Иако се шпекулираше дека Алвеш ќе добие уште едногодишен договор во Барселона, на крајот тоа не се случи. Чави одлучи дека повеќе нема да му треба Алвеш и дека клубот треба да доведе помлад играч на десната бековска позиција.
Алвеш не беше премногу разочаран од ваквата одлука бидејќи ја очекуваше, а беше благодарен што ја доби неочекуваната можност повторно да го облече дресот на Барселона.
На крајот, овој 39-годишен фудбалер реши кариерата да ја продолжи во мексиканскиот Пумас, со кој има договор до крајот на сезоната.
За Пумас одигра 12 натпревари и забележа четири асистенции, но со овој клуб не успеа да се пласира во шампионскиот плеј-оф.
Сепак, Алвеш ги изненади сите кога минатата недела повторно се појави во тренинг центарот на Барселона во опрема на каталонскиот клуб. Никому не му беше јасно што прави Алвеш таму, но набрзо стигна објаснување.
Барселона соопшти дека нема ништо од враќање на Алвеш во клубот и дека едноставно му излегле во пресрет на Бразилецот.
Тој моментално се опоравува од повредата на коленото и доби дозвола да тренира во просториите на Барселона со цел што подобро да се опорави и да се подготви за новата сезона во Мексико.
Сепак, сите беа збунети од каде Алвеш во соблекувалната на Барселона додека тој сè уште е под договор со Пумас.
Навивачите на мексиканскиот клуб не се воодушевени од ваквиот потег на искусен фудбалер, што јасно го покажаа во коментарите, а многумина сметаат дека не би било изненадување доколку Алвеш не биде дел од Пумас во новата сезона.