Connect with us

Фудбал

Жестока тепачка на навивачите пред еден од најинтересните мечеви вечерва во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Еден од поинтересните натпревари во ЛШ велерва се игра во Италија каде силите ќе ги одмерат Наполи и Ајакс.

Наполи во првиот меч меѓу овие два клуба го совлада тимот на Ајакс, а сигурно е дека нешто слично ќе се обиде да направи и денеска.

Од друга страна, Ајакс ќе се обиде да го  ублажи поразот и да ги поправи навивачите со трите бода од ова тешко гостување.

Сепак, навивачите на овие два тима се погрижија самата игра да не биде главна тема, па во текот на изминатата ноќ неколку пати се степаа меѓу себе.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тепачката се случила во пицеријата на улицата Виа Медина и тоа бил првиот инцидент.

Таму неколку навивачи на Ајакс се судрија со дваесет симпатизери на Наполи кои беа вооружени со палки и факели.

Тензиите се прелеаа на Виа Карачоло, каде околу седумдесет навивачи на Ајакс се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

На крајот двајца навивачи на Ајакс беа претепани во Банка Нуови.

Интересно е што денешниот натпревар на Ајакс и покрај тешкиот пораз во последниот натпревар ќе го следат дури 2160 навивачи на овој клуб.