Фудбал
Меси ги налути фановите на Барса со само еден потег по мечот со Интер (ФОТО)
Барселона одигра 3:3 со Интер на домашен терен и е на чекор до елиминација од ЛШ, бидејќи во следните два меча на италијанскиот тим му треба само една победа против Викторија Плзен или Баерн Минхен, па да го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Лаутаро Мартинез постигна еден прекрасен гол и асистираше на Госенс за 3:2 во корист на Интер. По овој меч, Мартинез објави фотографија од прослава на голот на „Камп Ноу“ и напиша Напред Интер, а помеѓу голем број на оние кои што ја „лајкнаа“ фотографијата беше и Лионел Меси. Двајцата фудбалери се репрезентативни колеги од Аргентина и колеми пријатели и ова не е ништо чудно, но сепак за фановите на Барса е проблем, бидејќи со овој резултат нивниот тим е пред елиминација, а се знае дека долги години Меси ги бранеше боите на овој тим.