Фудбал
Официјално, Рамос ја доби суспензијата за тоа што го нарече судијата копиле, се најавуваше многу поголема!?
Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос ја доби суспензијата. Имено, тој на последниот првенствен меч прво доби жолт картон, а потоа се расправаше со судијата и го нарече копиле, по што доби втор жолт и исклучување. Медиумите во франција најавуваа дека Рамос ќе биде суспендиран на дури 7 меча, но сепак Фудбалската федерација на Франција го казни „само“ три натпревари. Тоа значи дека Рамос нема да игра на дуелите со Олимпик Марсеј, Ајачио и Троа.