Connect with us

Фудбал

Дензел Дамфрис, фудбалер кој во Интер дојде со две леви копачки и за „ситниш“

Холандскиот фудбалер Данзел Дамфрис (26) пристигна во Интер од ПСВ Ајндховен летото 2021 година. Нероаѕурите за холандскиот репрезентативец платија нешто повеќе од 13 милиони евра, а тој со своите настапи покажа дека веројатно оваа бројка е премала за квалитетот што го поседува.

Во подкаст, Дамфрис го опиша својот прв работен ден во Интер. Тој имаше интересна ситуација со копачките по пристигнувањето на првиот тренинг.

“Првиот тренинг на Интер беше вистинска драма. Отидов во клубот од хотелот, ја отворив торбата пред тренингот и имаше што да видам. Имаше две леви копачки. Ви се колнам, две леви, помислив, што му згрешив на Бога“.

Дамфрис беше воодушевен од Един Џеко.

„Един Џеко е неверојатен напаѓач. Без разлика на годините, човекот е на друго ниво за секого. Тоа што го прави и како погодува не е нормално“, истакна Дамфрис.

Интересно име кое Дамфрис го посочи како човекот кој бил најдобар на тренинзите.

“Алексис Санчез! Неверојатно е колку лесно се движи тој човек. Беше најдобар на тренинзите”, изјави холандскиот фудбалер.

Дензел Дамфрис кариерата ја започна во Спарта од Ротердам. Потоа играше во Херенвен и ПСВ.

Трансферот во Интер се покажа како вистински потег, а во досегашниот дел од кариерата одигра 58 натпревари и постигна седум гола.