Connect with us

Фудбал

Шкендија и со двајца грачи помалку го совлада Работнички

Тетовскиот тим Шкендија иако мечот го заврши со девет играчи, сепак успеа да го победи Работнички на гостински терен со 4:2. Ова беше фудбалски натпревар со многу содржина, голови, шанси и картони.

Работнички поведе уште во седмата минута со гол на Максимов, а Шаља во 23. минута го изедначи резултатот, со кој се замина и на полувремето. Но, по само три минути игра во вториот дел, Влатко Стојановски постигна гол за комплетен пресврт и водство на Шкендија од 2-1. Работнички возврати преку Јанакиевски во 66. минута за 2:2.

Две минути подоцна Ферхан Хасани заработи втор жолт картон. Двата жолти ги заработи за симулирање пенали. Шкендија остана со играч помалку. Работнички наместо да го искористи тоа, прими гол. Башким Велија во 73. минута погоди за водство на Шкендија од 3-2.

Во 76. минута нов црвен за Шкендија, Мевљан Мурати беше исклучен по старт врз Максимов. Но и со два играчи повеќе Работнички не даде гол, напротив, прими уште еден. Стојановски на пет минути до крајот погоди уште еднаш и ги постави конечните 4-2.

Академија Пандев одигра само 1-1 на гостувањето кај Победа. Силекс како гостин во Штип славеше со 3:2 против Брегалница,  А Македонија ЃП беше подобра од Скопје со 2:0.

Утре играат Шкупи и Струга, а во ова коло слободна е екипата на Тиквеш.