Connect with us

Фудбал

Па, ако ова не е фаул…Дали Клоп покажа среден прст на судијата?! (ВИДЕО)

Ливерпул го доби дербито против Манчестер Сити со 1:0 на „Енфилд“. Мечот го оправда епитетот дерби, недостасуваше само уште некој гол. Инаку, тренерот на Ливерпул Јурген Клоп заработи црвен картон поради бурните реакции кон судиите. Се играше 85-тата минута кога Салах беше во налет, а Силва стартуваше врз него. Линискиот судија само порача „Играта продолжува“, не сигнализирајќи ништо. Ова секако го разбесне Клоп, кој бурно реагираше, а судијата му покажа црвен картон. На заминување кон соблекувалната, Клоп покажа среден прст на судијата, или сепак беа два….проценете сами!