Фудбал
Статистиката на Чави за која зборува цела Европа, послаб дури и од Роналд Куман
Кога Чави се врати во Барселона и го презеде првиот тим, многумина го сфатија тоа како потег за иднината на клубот.
Легендарниот Шпанец го презеде тимот од Роналд Куман, кој беше „жртвеното јагне“ на ново-стариот претседател на клубот Жоан Лапорта, а по поразот во Ел Класико, шпанските медиуми тргнаа по интересна статистика.
Барса е на прагот на елиминација од Лигата на шампионите по ремито со Интер, работите се влошија во Примера по поразот од Реал, па Чави победи на 28 по првите 50 натпревари на клупата.
Дури пет помалку од Куман во истиот период, а поуспешни од нив беа Пеп Гвардиола со 37 победи во првите 50 натпревари и Луис Енрике со 42.
Последните двајца ги оправдаа овие бројки со „жнеење“ на трофеи во претходната деценија.
Тешко е да се каже уште колку време му преостанува на Чави, се чини дека ја има цврстата поддршка од раководството на клубот.