Фудбал
Тензии во Јувентус – Леонардо Бонучи заминува?!
Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи би можел да го напушти клубот веќе во јануари, тврди „Кориере дело Спорт“.
Капитенот на тимот вчера го започна натпреварот од клупата, неговите игри често се под секое ниво, а се шпекулира и дека е во лоши односи со Алегри. Сето ова може да предизвика негово заминување од Торино и тоа во прегратките на поранешниот тренер Антонио Конте.
Тотенхем не би имал ништо против да го ангажира, а Бонучи веројатно ќе се обиде да ја искористи можноста да игра во најсилната лига на светот. Се споменува дека разделбата со Јуве би можела да биде веќе во јануари.
Во 2010 година, Бонучи дојде во Јувентус од Бари и за тоа време се здоби со култен статус во клубот на „чизмата“ и во Европа. Тој имаше „излет“ во Милано во 2017 година, но се врати следното лето.