Фудбал
„Волшебникот“ меѓу стативите ќе го пропушти Мундијалот во Катар?!
Мундијалот во Катар започнува за еден месец, а веќе е потврдено дека неколку големи ѕвезди нема да учествуваат на Мундијалот поради повреда. Така Франција остана без Н’Голо Канте, Португалија без Диого Жота, но најголемиот удар може да го добие швајцарската репрезентација.
Голманот Јан Зомер би можел да го пропушти Светското првенство. Голманот на Борусија Менхенгладбах и човек воодушевува со одбраните, најверојатно ќе го пропушти шампионатот откако заработи повреда на натпреварот од Купот на Германија против Дармштад.
Зглобот на Зомер беше повреден. Според првите информации, повредата е доста сериозна и 33-годишниот голман најверојатно на ТВ ќе ги гледа натпреварите од Катар.