Фудбал
Не се победува Вардар секој ден, Гостивар го доби мечот, па направи пиротехничко шоу (ВИДЕО)
Дербито во втората македонска лига помеѓу Гостивар и Вардар го добија домашните со 1:0 со голот на Каланоски од пенал. Ова беше прв пораз на Вардар во оваа сезона. Сега лидер во Втората лига е Воска со 23 голови, следува Вардар со 22, па Гостивар со 21 бод.
Со оглед на тоа дека оваа победа на Гостивар беше многу посакувана, покажува и пиротехничкото шоу кое го направија после мечот навивачите на овој тим.